Во Делчево заврши интердисциплинарната манифестација „За сите деца“

Во Делчево заврши Интердисциплинарната манифестација „За сите деца“ којa беше приредена во чест на одбележувањето на 24 Мај, Ден на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

-Полна сала публика уживаше во разновидната програма. Освен членовите на Magna Ars Smooth System – MASS Academy кои се претставија со музички точки на гитара, пијано и глас, имавме чест да ја проследиме и драмата „Панургиј“ од Русомир Богдановски, а го објавивме и победникот на Литературниот конкурс „За сите деца“. Честитки уште еднаш за Ева Ивановска, исталнаа од Здружението Еуритмикс во својата објава на фејсбук.

И оваа Манифестација како што додадоа беше со хуманитарен карактер.

-Сите ликовни творби беа купени по симболична неодредена сума. Собраните средства како и минатиот пат се донирани на Марко Здравковски, кој има 25 години и боледува од канцер, а во јануари годинава започна со терапија во Франција и за истата се потребни 150.000 евра. Му посакуваме што е можно поскоро оздравување, додадоа од Еуритмикс.

За прекрасните ликовни творби се заблагодарија на професорката по ликовно образование Анета Џоревска-Костадиновска.

-На сите кои одбравте ликовна творба и за неа дониравте, искрено ви се заблагодаруваме. Посебно се заблагодаруваме на Директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, Љупчо Петровски и Директорката на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, Билјана Петровска, кои секогаш се спремни да ги поддржуваат младите на нивниот пат кон созревање и едуцирање. Благодарност и до Менсур Арифи. Огромна благодарност до учесниците во драмата, нашите родени глумици:
Ana Angelovska, Теона Златковска, Неда Малешевска, Ана Костадиновска, Marinela Trencevska, Берна Багашова, Наталија Дамјанова и Анастасиа Михаиловска.
Девојки, сериозно ја издржавте целата драма, покажавте посветеност додека работевме и професионалност на високо ниво, на сцена пред полна сала. Вредеше да се соработува со вас, се гордеам!, додадоа од Еуритмикс.

Сите кои не успеаа да дојдат на настанот, организаторите ги очекуваат на 13-ти јуни на Завршниот концерт со цел да се заокружи уште една успешно завршена учебна година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*