
На 22 и 23 Мај, Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево учествуваше на настанот кој го организираше библиотеката Феткин Кавадарци во партнерство со Библиотекарското здружение на Македонија.

Националниот настан е дел од проектот „Структурен дијалог за Заштита и унапредување на библиотекарството во време на економска криза преку размена на добри практики“.

Проектот е финансиран од Министерството за Култура, а учество земаа библиотекари и директори од 20 јавни библиотеки од Македонија.

Краен резултат на проектот да се подготви универзален документ со препораки по кои би работеле библиотеките со цел унапредување на нивната работа.
За да го погледнете видеото кликни ТУКА
Leave a Reply