
Во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров” вечерва во Делчево премиерно прикажана театарската претставата „Самоубиство во самоодбрана”,Театарската претстава е во изведба на театар „Отпишани“ со која имаат освоено пет интернационални награди низ Балканот. Работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, делчевчани имаа прилика да ја видат претставата која всушност е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите.

– Ова ни е веќе 13 претстава, режисери сме јас и Александар Јовановски, имаме доста меѓународни награди со „Самоубиство во самоодбрана“ која е повеќеслојна претстава и под површината крие силни пораки и критики и кон општеството и кон поединецот, како негова основна единка и секојдневните проблеми што ги носи современото живеење, истакна Анѓеловски.
Претставата како што истакна Кристијан Трајановски, соработник за флклорна и сценско -уметничка дејност при НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ се одржа како дел од чествувањата на патроните на градот Св.Кирил и Методиј.

-Во чест на патронот на градот Делчево во организација на центарот за култура се одржаа неколку културни настани.
Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј започна со промоцијата на збирката катрени ,, лондонски разгледници од Васил Маневски овој настан се случи во понеделникот, во среда во фоајето на спомен дом асном делчевчани имаа можност да го проследат концертот на труба и пијано и вечерва делчевчани имаат ретка можност да ја почуствуваат убавината на театарот во кино салата беше изведена театарската претстава ,, самоубиство во самоодбрана ” во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски, рече Трајановски.
Претставата „Самоубиство во самоодбрана“ е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година.
Leave a Reply