
Женскиот ракометен клуб Стружанка е победник на финалниот турнир во кадетската лига на Македонија, откако во финалето вечерва во Делчево ја победија екипата на Ѓорче Петров со 28:24. Завршниот турнир за најдобрите 4 екипи се одигра во спортската сала ,,Методи Митевски – Брицо”, а на него учествуваа и екипите на ЖРК ,,Скопје” и ЖРК ,,Делчево”.
-Оваа генерација заслужи да го освои овој турнир, бевме без пораз во првенството, еве и денес победивме. Еве честитки до мојата екипа и до сите екипи кои учествуваа, рече тренерот на Стружанка, Владимир Паноски.

За Милева Велкова тренер на второпласираниот тим на Ѓорче Петров ЖРК, клучно за поразот во финалето бил првиот натпревар кој Ѓорчепетровки го добија против Скопјанки, но во финалето иако речиси цело време беа во егал, на крајот како што рече изгореа во желбата за победа.

Во натпреварот за третото место екипата на Скопје беше подобра од домаќинот ЖРК ,,Делчево.
-Ние требаше да бидеме во финале, и затоа не сум задоволна од третото место, секоја година сме трето место, но се надевам дека во иднина тоа ќе се смени, истакна Андријана Будимир, тренер на екипата на ЖРК ,,Скопје”.

За тренерот на домашната екипа Горан Велков, самиот факт што Делчево е меѓу 4-те најдобри е одличен успех.
-Единствено очекував публиката да биде нашиот осми играч, но како да имавме дополнителен пристисок поради тоа што играме дома. Како и да е за нас е успех што сме меѓу најдобрите во Македонија, рече Велков.

Покрај медалите и пехарите за најдобрите 3 екипи, награди добија и најдобрите 7 играчи на турнирот како и најдобриот играч, стрелец и голман на турнирот, награди кои им ги додели градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН:
- ЖРК Стружанка
- Ѓорче Петров ЖРК
- ЖРК Скопје
- РК Делчево Вардар
Линк од финалниот натпревар и прогласувањето на победниците:
Leave a Reply