КУД ,,Димитар Беровски” учествува на Меѓународен фестивал во Будва

Културно уметничкото друштво, при Дом на културата ,,Димитар Беровски”, од Берово , деновиве гостуваат во Будва, каде што учествуваат на Меѓународниот пролетен фестивал ,,Будва2023″.

Во настапот на културно уметничкото друштво, на летната сцена во Стари град Будва, синоќа уживаше публиката, која што ги поздрави со огромни аплаузи.

Кореографиите на играорците, предизвикаа навистина голем интерес, а нивните настапи со внимание ги следела публиката, која била изненадена од малешевскиот фолклор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*