
На само 300 метри од манастирот Св. Архангел Михаил во прекрасно опкружување со борова шума се наоѓа Ловен дом Берово. Гастро дестинација која нуди вкусна храна и одлично сместување, а која во своја непосредна близина има обележани планински патеки со различна должина за пешачење и возење велосипед, што на некој начин ви го комплетира цел викенд исполнет со активности надвор од вашиот дом.

Ловен дом Берово од денес е дел од светот на Кајак.мк, а домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека гостите во нивниот дом уживаат во вкусните традиционални малешевски јадење и деликатеси од диво месо. Јадењата кои се служат овде се одраз на богатото кулинарско наследство на малешевскиот регион, а самиот менаџмент е целосно посветен на зачувување и славење на овие традици, вели Јана која е дел од менаџерскиот тим на Ловен дом Берово.

Ловен дом Берово има свое сместување. Објектот располага со шест модерни соби кои нудат прекрасен поглед кон градот и боровата шума. Сместувањето е оддалечено 5 кимолетри од Беровско езеро, а околината каде што се наоѓа домот е пријатна и мирна.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Leave a Reply