В четврток ,,Отворен ден на училиштето организира” СОУ ,,М.М.Брицо”

Во четврток на 01.06.2023 година во 11.30 часот во просториите на СОУ „Методи Митевски- Брицо“- Делчево ќе се одржи Отворен ден на училиштето. На настанот ќе бидат преставени образовните профили кои ги нудиме на деветтоодделенците за упис во прва година во учебната 2023/2024 година.

Ги покануваме сите заинтересирани ученици, наставници и родители да не посетат и да се запознаат со просторните капацитети на училиштето и опремата и ресурсите со кои располагаме.

Ќе ни биде задоволство во следните четири години да бидете дел од нашата успешна приказна! Ве очекуваме!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*