
Фолклорната група која работи при Националната установа Центар за култура,,Никола Јонков Вапцаров“- Делчево направи огромен чекор, станавме дел од Сојузот на Фолклорни ансамбли на Македонија СОФАМ ( CIOFF). Сите имаме една цел, а тоа е да го зачуваме и негуваме македонското фолклорно богатство.
На покана на координаторот на Источниот регион на СОФАМ-Томе Јаневски, раководителот на Фолклорната група Кристијан Трајановски заедно со останатите раководители на Фолклорните ансамбли од Источниот регион вчера присуствуваа на состанок во Велес на Источниот регион на СОФАМ.
На состанокот присуствуваа и представници од СОФАМ односно Претседателката на СОФАМ Проф. д-р Мирјана Мирчевска, како и уметничкиот совет, Претседателката м-р Благица Илик, претставик на уметничкиот совет Јовица Блажевски и секретар Татјана Тренеска.




Leave a Reply