
Денеска се одбележува меѓународниот ден на детето. По тој повод ЈЛБ„Илинден“ годинава заедно со второоделенците од ООУ „Ванчо Прке“ и нивната наставничка по физичко воспитување Кате Мицевска организираше настан од спортски карактер.
-Овој пат, одбележувањето на меѓународниот ден на детето не го поврзавме со книгата, но сепак сакавме да направиме нешто со што децата ќе бидат насмеани, радосни и задоволни.Трите паралелки од второ одделение се натпреваруваа , учествувајки во разни игрички.Додека едни се натпреваруваа, учениците од прво одделение, навиваа и ги бодреа своите другарчиња.
Убава слика во градскиот пар пред библиотеката, многу забава и многу смеа.Најубаво се одбележува денот на детето со голема детска насмевка и среќни детски очиња.
На крај , сите беа победници и сите дечиња добија мал подарок од библиотeката.
Благодарност и до Николчо Узунски, наставник по физичко воспитување и дo наставниците од второ одделение Младен Стоименовски, Емилија Тричковска и Гоце Стоиловски од ООУ„Ванчо Прке“.
Човештвото им должи на децата сé најдобро што може да им се даде.
Среќен ден на детето, да направиме се, децата да ни бидат среќни!, рече директорката Биљана Петровска.
Leave a Reply