
Во Делчево во тек имплементацијата на проектот ,,Горда и интегрирана Ромка”. Проектот кој се имплементира со поддршка на Р РОМА го спроведува Невладината организација ,,КХАМ” од Делчево,” а истиот финансиски е поддржан од Европска унија.Проектот како што истакна координаторот Мејрема Мемедова има за цел да го зголеми учеството на жената ромка во креирањето на родово одговорни политики на локално ниво согласно целите за одржлив развој.
-Меѓу останатите цели на проектот се и јакнење на вработливоста на жената ромка и нејзиниот претприемачки дух, како и унапредување на репродуктивното здравје на жената ромка и застапување на родово одговорен буџет за креирање на политики насочени кон жената Ромка, истакна Мемедова.Активностите од проектот како што додаде координсторката ќе бидат имплементрани во повеќе општини од Источно-планскиот регион.
-Проектот се спроведува во Берово, Пехчево, с. Црник, с.Тработивиште Виница Кочани и Делчево. Со проектот се предвидени обуки за претприемништво со фокус за самовработување истражување за права на пациенти како и мониторинг на локални акциски планови и спроведување на 6 локални иницијативи од по 400 евра кои не бидат изберени од самата заедница, додаде Мемедова.
Имплементацијата на проектот ,,Горда и интегрирана Ромка” е предвидена да трае до месец ноември 2023 година.
Leave a Reply