Големо невреме со поплави и уништени улици во Делчево

Невреме со пороен дожд, врнежи од град и грмежи денес попладне го зафати Делчево и поблиските населени места. Поројниот дожд како што јавуваат граѓани поплави голем дел од подрумите на жителите, како од повисоките така и од пониските места.

Поради обилните количини вода дел од градските шахти беа отворени, а сообраќајот се одвиваше со потешкотии.

Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.

Од Општината апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.

Поради невремето во моментот во дел од делчевските населби во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*