Отворени 27-те Пензионерски спортски игри во Делчево

 Во Делчево отворени 27-те Регионални пензионерски спортски игри чиј домаќин е локалното здружение на пензионери. Настанот го отвори претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова која посакувајки им успех на натпреварувачите потенцираше дека се работи за најмасовен спортски настан кој се организира за оваа категорија граѓани.

-Со регионалните спортски игри за пензионери започнавме кон крајот на мај во Штип, а завршуваме во Струга негде при крајот на јуни. Денес сме во Делчево каде секогаш организацијата е на врвно ниво, така беше и на Регионалната пензионерска музичка ревија која се одржа во време на пандемија, очекувам така да биде и денес, рече Трајкова.

На игрите во Делчево учество ќе земат пеннзионери спортисти од Кочани, Виница, М.Каменица, Пехчево, Берово и градот домаќин Делчево.

-Мило ми е што гледам позитивна атмосфера овде во градскиот парк во Делчево, многу пензионери желни да се натпреваруваат, но и да се дружат. Сигирна сум дека ќе го направиме овој ден за паметење, рече претседателката на делчевското здружение Виолета Арсова.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој го поддржа настанот им посака многу успех на сите учесници, порачувајки да победат најдобрите.

-Вашата желба за натпреварување и вашиот спортски дух е движечка сила на секој поединец, а посебно кога станува збор за луѓето од третата доба, рече Трајковски.

Пензионерите од споменатите градови денес ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини во атлетика, кошарка, шах домино и други игри. По завршувањето на игрите ќе биде соопштен резултатот за најдобрите кои ќе обезбедат пласман на завршните Републички пензионерски игри.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*