
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денес заедно со министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски и деканот на Градежен факултет проф. д-р Горан Марковски извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати Делчево.
При посетата на Општина Делчево се сретнаа со градоначалникот Горан Трајковски кој детално информираше околу настанатите штети и потенцираше дека потребна е силна поддршка од централната власт и поширока акција за овие штети да бидат санирани што е можно поскоро, а животот на граѓаните во Делчево и Делчевско да се врати во нормала.

Министерот Бочварски истакна дека Владата застанува комплетно во поддршка на Општината.
-Прво сакам да ја искористам приликата и да укажам дека тука со нас е и деканoт на Градежниот факултет од Скопје професор др. Горан Марковски. Имавме средба во општината, градоначалникот не информираше за состојбата, но сметавме дека е потребно да излеземе и на терен да ги погледнеме состојбите, да направиме еден увид на лице место. Она што можам да го истакнам во овој момент е дека ние бевме овде и претходните денови заедно со директорот од јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, со екипите од општината кои заеднички помагаа во расчистување на наносите . Втората фаза која следува сега е да го добиеме извештајот од општина Делчево и на следната седница на Влада да донесеме целосна Одлука за санација на сите точки во општина Делчево. Се работи за оваа улица, за еден пропуст на регионалниот пат кој што ќе го санираме и уште еден мост за кој што ќе направиме проектирање со што технички акаме да ги подобриме инфраструктурните на овие меса каде што е потребно и при идни вакви ики слични појави да подобро функционира инфраструктурата и да не ни се случуваат вакви појави. Јас и Владата застанува комплетно во поддршка на општината и градоначалникот и сите штети кои што се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички со поддршка од централната Влада, рече Бочварски.

Тој воедно се осврна и за настаната штета на пропустот кај магистралата А3.
-Да , ќе направиме увид и во пропустот каде што има застој во сообраќајот и веќе се работат зафати од страна на јавното претпријатие за санација на оваа точка која што е непроодна во моментот и во најскоро можно време да се стави во функција, ќе го погледнеме и мостот и целата конструкција, така што ќе биде санирано со цел комплетно да биде проточен овој регионален пат и да се врати во функција, додаде Бочварски.

Општина Делчево како што додаде градоначалникот Трајковски в понеделник ќе испрати комплетен извештај за настанатите штети до Владата по што на наредната Седница на Владата се очекува финансиска и техничка поддршка за санација на штетите.
-Еве денеска имаме посета од министерот Бочварски и министерката Каја Шукова , директорот на Македонија пат , деканот на Градежниот факултет, разговаравме за сите оние критични точки кои ги имамвме во текот на навремето. Излеговме на терен за да се види ситуацијата, извештајот од Општината че г поднесеме до Министерството за транспор и врски, во вторник верувам дека ова ќе оди на Влада,овде е и министерката за животна средина, за да може ова да помине на Влада, и сето она што го имаме како критична инфраструкура во градот да можеме да го санираме со помош на централната власт, рече Трајковски.

Министерката Шуква апелираше на поголема свесност на граѓаните за животната средина.
-Кога зборуваме за вакви појави, апел секако до граѓаните , при вакви појави имеме многу често проблем со речните корита.Од аспект на животна средина се замолуваат граѓаните да не фрлаат отпад во речните корита како би можеле речните корита да ни бидат протечни и ччисти за водит кои поминуваат. И не само за речните корита туку и за целата средина во која што живеат , правилно да се постапува со отпадот како не би имале проблем кога настануваат вакви проблеми кои што ги дава природата а за жал не можеме да ги контролираме.
Во меѓувреме, ЈП за одржување магистрални и регионални патишта работи на санација на пропустот на магистралниот пат А3, а се најави и ставање во функција на алтернативни патиша за Делчево
Leave a Reply