Марковски: Потребна поголема техничка подготвеност на Општините за да се избегнат елементарни непогоди слични на невремето во Делчево

 Елементарните непогоди слични на оние кои го погодија Делчево, во иднина ќе бидат уште поголеми и затоа општините треба да бидат технички поподготвени, за да може навремено да се реагира. Ова при денешната посета на Делчево го изјави Горан Марковски декан на градежниот факултет во Скопје кој при посетата на една од најоштетените улици од невремеро рече дека една од главните причини за ваквите појави се климатските промени.

-Очигледно дека се работи за елементарна непогода која што ретко се случува статистички меѓутоа, климатските непогоди по тоа што го гледаме и се случува и кај нас и во соседството, мораме да бидеме свесни дека вакви работи ќе има се почесто и затоа мораме и технички да се подготвуваме, да бидеме што по подготвени и опремени ,за да може да реагираме понавреме. А што е уште поважно да реагираме превентивно за да имаме што помали штети. Во случајот се работи за оштетена улица, веројатно се работи за поткопување на асфалтот и тоа големо количество на вода настанато од врнежите го има уништено асфалтот  и поткопан насипот, рече Марковски.

Според деканот Марковски со најавата за  нови врнежи се зголемува и опасноста од свлекување на земјиштето во одредени населби во Делчево заради што апелираше внимателно да се следат состојбите.

-Моите сознаниија говорат дека има активни свлечишта и може да дојде до лизгање на теренот, доколку продолжат врнежите. Треба да бидеме претпазливи да се следат состојбите. Прво да ги намалиме ризиците по човечки животи и по штети и да може да се превземаат соодветни реакции за да во иднина  штетите бидат помали во вакви и слични  врнежи, додаде Марковски.

Матковски заедно со министрите Бочварски и Шукова извршија увид и на оштетениот дел од патот на магистралата А3 во Делчево. Тие го посетија пропустот каде има оштетување со цел како што рече да се утврди дали и како може да се санира во најбрз можен рок за да може сообраќајот да се одвива безбедно за сите учесници.

Министерката за животна средина Каја Шукова која исто така беше во посета на Општина Делчево апелираше до поголе а совесност на граѓаните при фрлањето отпад во речните корита.

-Кога зборуваме за вакви појави, апел секако до граѓаните , при вакви појави имеме многу често проблем со речните корита. Од аспект на животна средина се замолуваат граѓаните да не фрлаат отпад во речните корита како би можеле речните корита да ни бидат протечни и чисти за водите кои поминуваат. И не само за речните корита туку и за целата средина во која што живеат , правилно да се постапува со отпадот како не би имале проблем кога настануваат вакви проблеми кои што ги дава природата а за жал не можеме да ги контролираме, рече Шукова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*