Во село по 10-ти пат пензионерите ќе подготвуваат Бабина Баница

Пензионери од повеќе градови во Македонија денес во М.Каменица ќе се натпреваруваат во месење, сукање и печење баница на стар традиционален начин под вршник. Настанот ќе се одржи каменичкото село Цера кај манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во рамки на 10-тото издание на манифестацијата Бабина Баница.

Настанот и годинава го организира Здружението на пензионери, од Македонска Каменица како единствена манифестација која претставува дружење на отворено во прегратките на манастирот ,,Покров на Пресвета Богордица”.

Во рамки на ,,Банина Баница 2023″ освен натпреварот во сукање и месење баница предвидена е и богата културно-уметничка програма.

Манифестацијата на која се очекува да присуствуваат околу 2000 гости се реализира во соработка со Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар ,,Романса” од М.Каменица

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*