Општина Аеродром донира 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево

Општина Аеродром донира 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево. Како што стои во информацијата објавена на официјалната фејсбук страна на Општина Аеродром донацијата е на предлог на Претседателот на советот, Дејан Митески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Советот на Општина Аеродром, денес донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое го зафати неодамна Делчево и околината.

Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот.

Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани, се вели во објавата на Општина Аеродром.

Досега Општина Делчево како што беше објавено на официјалните профили на градоначалниците на Ѓорче Петров и М.Каменица ќе добие 300.000 односно 500.000 денари за справување со последниците од невремето од овие две Општини, анајава за таква помош има и од општините Кисела Вода, Свети Николе и друхи Општини.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*