Во Делчево одржана  првата работилница во рамки на смарт проектот ,,Инспекторатите во служба на граѓаните”

Невладината организација ,,КХАМ” од Делчево ја одржа првата работилница во рамки на смарт проектот ,,Инспекторатите во служба на граѓаните”. На работилницата свое излагање имаа претставници на Државен Трудов инспекторат, Управен инспекторат и бразовниот Советник при Општина Делчево. Целта на работилницата како што истакна координаторот на проектот Зоран Биковски е самите граѓански организации да знаат која е постапката на пријавување, кои се нивните права како граѓани, правата на нивните вработени во самите организации, на нивните блиски, се со цел да можат да ги остварат своите права во делот на работниот однос.

-Во однос на Управниот инспекторат присутните се запознаа со неговата улогата, како постапува, кога го крши мониторингот и надзорот врз останатите инспекторати на локално ниво и како можат граѓаните да го препознаат и да му се обратат. За крај го имаме Образовниот Советник ја сподели информацијата што се случува со невакцинираните деца, дали се прифаќаат во градинка, училиште, што е со децата што не одат на училиште, како самиот образовен советник постапува и која е неговата улога и како граѓаните да му се обраќаат во случај на повреда на нивните права, рече Биковски.

Проектот ќе се имплементира до месец февруари 2024 година.

-Целта е значи на еден креативен начин да ги споиме граѓаните и граѓанските организации и институциите за да имаме подобра соработка подобра координација, а граѓаните поефикасно да ги освтаруваат своите права, додаде координаторот на проектот.

Проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните” е имплементиран од Центарот за промоција на Цивилното друштво (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ). Истиот се спроведува со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*