
Започнува целосната реконструкција и модернизација на граничната точка помеѓу Станке Лисичково и Делчево, информира добро упатен благоевградски портал Поправката на пунктот официјално ќе започне на 21 јуни 2023, а во моментот во тек се подготвителните активности.
-Ќе се градат 6 правци – 3 на влез и 3 на излез. Ќе се гради нова двокатна управна зграда, згради за темелна царинска проверка на камиони и автомобили, зграда за јавни санитарни јазли, работни кабини, локација за последователно распоредување на систем за рендген, две области за дезинфекција, две дрвени куќички за кучиња на бетонска површина, бетонска површина за контејнер за ладење, цевка за водоснабдување и резервоар за пиење и домашни потреби“, изјави за порталот Грети Алексова, одговорно лице од софиската фирма изведувач Каро Трејдинг.
Вредноста на јавната набавка е над 15,4 милиони лева без ДДВ, а финансирањето е обезбедено од буџетот на Царинската агенција.
Целта како што се додава во информацијата е да се зголеми пропусната моќ на контролниот пункт и да се намали времето на проверка на патниците.
Пред два месеци поранешниот заменик министер и поранешен регионален гувернер Николај Шушков изјави дека пунктот Станке Лисичково е опасен, бидејли веќе 70 години на станицата не се вршат сериозни поправки, констатирајки во неговата изјава дека полека се распаѓа кровната конструкција од лим, од управната зграда паѓа малтер, а лентата за минување и контрола е една – и за камиони и за автомобили.
Се очекува во рок од една година на граничниот премин Станке Лисичково да има модерен европски излез.
Во продолжение нашето прашање упатено во 2019 година на тогашниот министер за внатрешни работи на Бугарија за проширувањето на граничниот премин:
https://fb.watch/lcyLqqXO3F/?mibextid=Nif5oz
Leave a Reply