
Со показна вежба за испумпување вода во туристичката населба Равна Река доброволното друштво ,,Пожарникари Пехчево” одбележа една година од своето постоење. Од друштвото изразија задоволство од поддршката која ја добиваат од заедницата потенцирајки дека очекуваат таквата поддршка да продолжи и во иднина.
-Сметаме дека имаме успешна година зад себе бидејки покрај потпишаниот Меморандум за соработка со Општината и обезбеденото возило од нивна страна, добивме и друга матетијална и техничка помош од страна на локални фирми и помагатели. Изразуваме благодарност до сите нив и апелираме и до други општествено одговорни компании да го следат тој пример, истакнаа од ДПД ,,Пожарникари Пехчево”.
Оттаму додадоа дека во првите шест месеци од годината имале неколку интервенции на пожари, а учествувале и во справување со последиците од невремето кое минатата недела го зафати соседно Делчево.
-Интервенциите на пожар беа во селата Црник и Панчарево, додека помагавме и на многу другу места каде имапе потреба од наша помош. Последната таква интервенција е во Делчево каде испумпувавме вода од подрумитр кои беа зафатени од силно невреме, додадоа пехчевските доброволци.
Покрај денешната вежба на Равна Река, пехчевските пожарникари во изминатиот период учествуваа и на неколку тактичко-показни вежби со ТППЕ Берово.
Leave a Reply