Прогласен Ден на жалост во М.Каменица

Во Македонска Каменица прогласен Ден на жалост. Одлуката ја донесе Советот на општина Македонска Каменица на денешната Седница, поради трагичен настан во кој животот го загуби млад жител од Општина Македонска Каменица. За Ден на жалост како што беше соопштено на седницата се прогласува утрешниот ден вторник (20 јуни 2023 година).

Трагичниот настан како што претходно беше објавено во полицискиот билтен се случил вчера попладне околу 15.20 часот, кога во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата.

Во тешката несреќа како што се додава од полицијата момчето починало на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*