
ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, ги информира сите наши читатели и граѓани дека во четврток, 22 јуни, во читалната на библиотеката свој саем на книги ќе има издавачката куќа „Култура“.
-Сите љубители на книгите ќе имаат можност да си купат книга, да разгледаат што нуди „Култура“. А како специјален гост на саемот ќе биде нашата авторка Милијана Павловска, која ќе ја потпише нејзината нова книга „Трнливиот пат на една љубов“, доколку ја купите а воедно ќе имате можност и да поразговарате со авторката, информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска.
Саемот започнува во 10 часот и ќе треа до 16 часот.Ве очекуваме
Leave a Reply