Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денес во беровското село Двориште го отвори новиот Центар за ран детски развој. Посакувајки им на дечињата пријатен престој во новиот Центар, а на вработените успешна работа, министерката истакна дека предучилишното воспитание и образование има клучно значење за правилниот детски раст и развој, потенцирајки дека секое дете треба да биде вклучено во предучилишниот процес.
-Навистина ми причинува задоволство што и децата од населеното место Двориште од денеска официјално добиваат Центар за ран детски развој, каде што ќе се стекнуваат со нови знаења и вештини и истовремено низ игра, песна и други заеднички активности ќе се дружат. На тој начин се стекнува со навики и предзнаења кои што го олеснуваат влезот во натамошниот образовен процес. Од особено значење е и социјализацијата. Токму преку неа, децата полесно ги прифаќаат и ги почитуваат разликите меѓу нив. Учат дека различноста не прави сите нас посебни и секоја индивидуа треба да се почитува, рече Тренчевска.
Моменталниот интерес за престој во Центарот како што додаде министерката е 12 деца од предучилишна возраст, со можност во иднина оваа бројка да се зголеми до максимум 24 деца на дневна основа, имајки предвид дека се работи за престој од 3 часа и можноста за организирање во две групи.
Денешниот ден за населението од Двориште какп што истакна Невенка Таковска, директорка на градинката ,,23 Август” е посебен ден за родителите, бабите и дедовците на децата, бидејќи селото до сега немаше градинка.
-Денеска имавме прилика да видиме многу детски насмевки и самите деца учествуваа во подготовката за адаптација на објектот.
Благодарност до градоначалникот на Општина Берово, што ја пооддржа оваа иницијатива и денеска ни се оствари отварањето на центарот. Посакувам многу среќа, здравје на дечињата, многу успех, добра соработка да имаат со учителката, убаво да го поминуваат времето-истакна Директорката на детската градинка ,,23 Август”, рече Таковска.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази надеж дека жителите ќе бидат задоволни, што во с. Двориште, за првпат, годинава, ќе се одвива и воспитно образовна програма, за деца од предучилишна возраст.
-Овој проект многу често, да не речам и најчесто е поставуван како приоритет на
жителите на с. Двориште, на сите средби и состаноци и конечно после сите направени напори истиот ќе започне со работа. Село Двориште има постојан позитивен природен прираст на населението и навистина заслужува да има градинка, каде што децата пред поаѓање на училиште ќе можат да
бидат згрижени. Изминатиот период интензивно работевме како на опремување, така и на исполнување на сите нормативни рамки за почеток за работа, рече Пекевски заблагодарувајки се на Министерката за труд и социјална политика за беспрекорниот труд и соработка истиот да биде отворен.
Изрази надеж дека ќе има успешна работа во центарот за ран детски развој и дека ке има многу дечиња кои ќе го посетуваат центарот и многу задоволни родители, кои ке имаат можност да работат и да придонесуваат во семејниот буџет и во подобрувањето на квалитетот на живот
Leave a Reply