
Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Јавно претпријатие „Национални шуми“ денес во Берово и Пехчево се одржа јавна расправа по нацрт плановите за управување со заштитениот предел „Малешево“ и стратегиската оцена на животната средина за нацрт планот за управување со ЗП „Малешево“ за периодот 2023-2032 година. Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Неби Реџепи истакна дека заштитеното подрачје Малешево не е само парче земја, туку претставува срцевина на нашата природна разновидност и светилиште на бројни животни видови и извор на гордост за нас и затоа како што посочи должност на сите засегнати е да го обезбедат уникатниот еко-систем непроменет, за во него да уживаат и идните поколенија.
-Присуството на значајни локалитети од аспект на био-диверзитетот, културното наследтво како и вековната интеракција помеѓу човекот и природата резултира со појава на значајна пределска разновидност што го прави Малешево особено вредно за зачувување. Ве повикувам на заедничка соработка и плодна дискусија со единствена цел за изработка на овој значаен плански документ, со кој ќе се обезбеди заштита и зачувување на природното наследство од заштитеното подрачје и бенефит за локалното население преку прмоција на природните и културните вредности за развој на еко туризмот, рече Реџепи.

Маре Басова од ЈП „Национални Шуми“ додаде дека јавните расправи се организираат посебно и во Берово и во Пехчево бидејки двете Општини се засегнати со заштитеното подрачје, а целта е во процесот да се вклучат да имаме поголем број заинтерсирани од локалното население, невладини организации и други субјекти кои со свои прашања и предлози ќе придонесат да се затвориме овој документ кој ќе биде иден основен документ за функционирање на заштитеното подрачје, како конечна верзија на планот за управување со заштитеното подрачје за периодот од 2023 до 2032 година.

Координатор за локални активности при Програмата за зачувување на природата Јасминка Пашалиска Андоновска додаде дека планот за управување со заштитеното подрачје Малешево исто како и извештајот за Стратешка оценка за влијание врз животната средина се дел од активностите кои се поддржани во рамките на Програмата за зачувување на природата која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
-По оваа фаза ќе следува период од 10 дена кога официјално доколку не се во можност засегнатите страни дополнително да упатат прашање и сугесттии на веб страницата на Министерството за животна средина, по што ќе следува официјализирање на документот и реализација на активностите согласно тоа што е прифатено во рамки на јавната распправа, рече Пашалиска Андоновска.

Маријана Шушлевска, тим лидер на Програмата за зачувување на природата, дополни дека сите резултати од првата фаза во овој процес, помогнаа во спроведување на конкретни активности за зачувување на природата кои се случуваа во втората фаза, а како најзначајна го истакна прогласувањето на заштитениот предел Осогово и заштитениотпредел Малешево.
-Сега се наоѓаме во излезна фаза во која треба да се даде поддршка на резултатите и да се капитилизираат сите резултати низ годиниве. Поддршката од Швајцарската агенција за развој и сорабтка ја дава е многу значајна и за дрѓавата и за овој регион кој во минатото беше заборавен од другите донатори. Вие во Пехчево сте едни од најголемите добитници на низа активностги и резултати, како јаготка на шлагот со што треба да се гордеете е Едукативниот центар во Негрево, кој не само што го нема во нашата држава, туку го нема и во регионот, рече Шушлевска.

Претходно Владата во декември 2021 година донесе одлука за прогласување на заштитен предел на дел од Малешево од категорија 5 со вкупна површина од 11.460, 85 хектари со опфат на територија на Општините Берово и Пехчево, со препорака со овој предел да управува Јавното претпријатие „Национални Шуми“.
Leave a Reply