Во Делчево одржан камерен концерт „Дијалози за кларинет и пијано”

Во Делчево вечерва се одржа камерен концерт „Дијалози за кларинет и пијано” во изведба на Иле Колев и Ангеле Михајловски.
На концертот присутните проследија музички изведби од различни епохи до современа музика на кларинет и пијано.

-Отсвиревме Кончертино од Вебер, Балада од Перминов, потоа Соната од Камиј Сен Санс, за да завршиме со концертно соло од Муке. Со колегата Иле Колев кој е редовен професор на ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов” свириме заедно 3 години и чест ни е што вечерва се претставивме пред делчевчани рече д-р проф. по пијано Ангеле Михајловски.

Концертот го организираше Националната установа Центар за култура ,,Н.Ј.Вапцаров”. чиј уметнички директор Методи Толевски истакна дека е последен пред почетокот на Делчевско културно лето 2023.

-Планирани се уште многу концерти, но следува период на летни одмори, а за секој следен настан во рамки на културното лето во Делчево, граѓаните благовремено ќе бидат информирани, рече Толевски.

Вечерашиот концерт е дел од годишната програма на делчевската културна установа поддржана од Министерството за култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*