
Издавачката куќа „Култура“ конечно со свој саем на книги во ЈЛБ„Илинден“. Ги покануваме сите наши читатели и сите граѓани да го посетат саемот, изборот на наслови е разновиден. На саемот е и авторката Милијана Павловска.
Читателите ќе имаат можност да разговараат со неа и да се запознаат од блиски со нејзиното творештво.
Таа е автор кој со ништо не се разликува од странските автори,твори навистина прекрасно.
Крајно време е да ги поддржиме, промовираме и вреднуваме нашите автори, истакна директорката Биљана Петровска.
Посетете го саемот во читалната на библиотеката претставниците на „Култура“ се тука до 16 часот.
Leave a Reply