Делегација од Општина Берово во посета на пријателски општини во Словенија

Делегација од Општина Берово се наоѓа во официјална посета на Република Словенија каде е предвидена посета на неколку Општини со кои општината досега успешно соработува.

Во рамки на посетата градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски оствари средба со Амбасадорот на С Македонија во Словенија, Горан Милевски. 

-На средбата ја истакнавме потребата од поддршката од Амбасадата, во иднина, за меѓуопштинска соработка со општини од Словенија и заедничко учество во аплицирање на проекти. Исто така разменивме мислења и искуства за идната можна соработка и со други општини од Република Словенија во делот на туризмот, заштита на животна средина, комунални услуги и противпожарна заштита, рече Пекевски.

Во рамки на посетата на Република Словенија како што додаде Пекевски  делегацијата од Општина Берово ќе ги посети општините Раденци и Нова Горица каде се очекува да биде проширена соработката со доброволното противпожарно друштво од Нова Горица.   

-Со оваа посета сакаме да изразиме задоволство од добрите пријателски односи, помеѓу двете земји, истакнувајќи дека истите треба да се зајакнуваат и во иднина, подвлече Пекевски.

Ова е возвратна посета на Општините Нова Горица и Раденци, претходно Општина Берово од двете Општини обезбеди донации за унапредување на комуналните услуги и противпожарната заштита.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*