Невреме проследено со врнежи од град во Берово

Невреме проследено со грмежи, пороен дожд и врнежи од град денес го зафати Берово. 

Поради големината на врнежите од град, жители јавуваат за оштетени автомобили, а од видеата објавени на социјалните мрежи од страна на граѓаните, забележлива е големата количина на вода низ градските улици.

Во соседната општина Пехчево истотака забележани се поројни дождови поради што  

регистрирана е обилна количина вода по улиците. 

Поради електричното празнење, надлежните апелираа без потреба да не се излегува од домовите за времетреање на невремето.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*