Се излеа Смојмирска Река, патот Берово – Делчево затворен за сообраќај

Поради невремето кое ја зафати Малешевијата  во прекин сообраќајот на регионалниот патен правец Берово – Виница и Берово – Делчево. Причина за прекинот е надојдена вода од Колачински поток, поради што во моментот има забрана за движење на овој патен правец. 

Информацијата ја потврдија од ЦУК од каде додадоа дека поради обилните врни од дожд надојдена е Смојмирска река која предизвика штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти.

Во градот Берово ситуацијата е најкритична кај некогашната фабрика Датекс каде река од вода тече по блиската улица.

Невремето денес го зафати и градот Пехчево каде граѓани исто така јавуваат за поплавени улици.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*