
Денес членови на ПСК ,,Голак” Делчево направија планинарска акција со следната маршута: Село Костин Дол (Штабска маала) 980 м. – Селска река 930 м.н.в. – Манастир Св.Петка 956 м. (Село Вратиславци) – Балтачка Маала 990 м. – Месност Куклите 1150 м. – Штрби Врв (Караула Штрби Врв-граничен камен 83) 1338 м. и обратно на Осоговските планини во вкупна должина од 9.1 км.
-За нас како планинари овој врв има голема важност, бидејќи тој е прв врв од каде започнува општина Делчево од северо-источната страна. Една интересна маршута на која се наоѓаат археолошки наоѓалишта, манстир, воени објекти меѓу кои е и воената караула на Штрби Врв 1338 м.н.в. градена во 1924 година во време на Кралство Југославија. Токму овде во 1330 година, српскиот Крал Душан Стефан водел големи воени дејствија против бугарската војска за град Велбожд (денешен Ќустендил) во Бугарија, истакна Љупчо Чучуковски, Претседател на ПСК ,,Голак” Делчево.
Интересно за село Вратиславци (кое е од разбиен тип), како што додаде делчевскиот лиценциран планинарски водич е тоа што во неговиот атар се наоѓаат наоѓалишта на Железна Руда.
Според Чучуковски денес планинарите имале еден многу убаво поминат интересен и позитивен ден, каде собравме поголема количина на свежо никнати габи Лисичарка (Cantharellus cibarius)

Leave a Reply