Во Делчево започнуваат активностите од Општинско-корисна работа 2023

Во Општина Делчево по 12-ти пат отпочнува реализацијата на активностите од програмата Општинско-корисна работа, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2023 година, финансирана од УНДП во соработка со АВРСМ.

Оваа година како што информираа од Општината услуги ќе даваат вкупно 16 лица преку 4 предвидени активности – 5 лица ќе даваат услуги во Дневниот центар за лица со посебни потреби, 3 во народната кујна и 8 ќе вршат посета и нега на стари лица.

-Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман. Месечниот надомест ќе изнесува  13.750 денари за лице, со вклучен  Данок на личен доход и Осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. На корисниците на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош, за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право, информираа од Општина Делчево.

Вкупниот буџет за проектот како што додадоа оттаму изнесува близу 2 милиони денари, од кои средства за плати се обезбедени од УНДП во износ од 1,58 милиони денари и средства за данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест обезбедени од Општина Делчево во износ од 396.000 денари.

-Бројот на директни крајни корисници кај овој проект е 431 лице (стари лица и лица со пореченост и корисници на народна кујна).

Активностите ќе се спроведуваат од 1 Јули 2023 до 31 Март 2024 година, на територијата на Општина Делчево како и во парнер институциите ОЈУДГ „Весели цветови“ Делчево и Дневен центар за лица со посебни потреби, додадоа од Општина Делчево.

Целта на оваа програма како што посочија е да се унапреди системот за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. 

Програмата промовира партиципативен пристап во дефинирањето на потребите и дизајнирањето на услугите, со инволвирање на самата заедница и институции на локално ниво и исто така, има за цел да придонесе и за постепено вклучување на невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*