Групата ,,Пронајди ги другарите од бившата ЈНА” на беровчанецот Ванчо Димовски на прагот на 300.000 членови

Пред 9 години беровчанецот Ванчо Димовски ја креираше групата ,,Пронајди ги другарите од бившата ЈНА” за која на својот фб профил вели дека е прекрасно искуство и дружење со некогашните војници на ЈНА.

-Илјадници и илјадници од нив се најдоа меѓусебе, иако сега во нови држави, никогаш не го заборавија другарството и младоста поминати заедно во војничките денови. Без оглед на политичка, национална и верска припадност, чувството на заедништво останало до ден денес, истакна Димовски.

Додава дека му е мило што ја основал групата пред 9 години бидејки преку групата освен своите запознал и бивши војници од други генерации.

Админ тимот како што вели неуморно работи деноноќно да го одржи квалитетот на групата веќе девет години.

-Денешната бројка е 299.759 членови. Да точно прочитавте двеста девеесет и девет илјади седумстотини пеесет и девет членови. ЗА ДРУГАРСТВОТО ШТО НЕ ЗНАЕ ЗА ГРАНИЦИ , се вели на крај од неговата објава.

15179163_1772108413035946_2211466974127815066_n

Иако позади себе одамна ги оставиле неудобните униформи, кондури, оружје и командите од надредените, многу Албанци, Македонци, Хрвати, Црногорци, Словенци, Срби и Босанци истрајни се и сакаат да ги обноват пријателствата започнати во касарните низ целата Југославија.

Групата обилува со стари фотографии, наводи во кои касарни, класи, родови служеле воен рок, имиња и презимиња од оние, иако повеќе не делат иста држава, се сеќаваат на заедничките дружења, задолжувања и обуки поради кои од светот на децата влегле во светот на мажите.

Во рамките на групата, многу успеале во мисијата да соберат приказни и новости од касарната, но и да се потсетат на една убава земја и залудноста на војната

Линк за зачленување во групата: https://www.facebook.com/groups/1426107641004634/?ref=share&mibextid=NSMWBT

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*