
На 01.07.2023 година, по повод празникот на преносот на моштите на Св. Јован Рилски, а на покана од Епископот Адрианополски и Игумен на Рилскиот манастир г. Евлогиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Видински г. Данило, а сослужуваа и свештенослужители на БПЦ и МПЦ-ОА, во Рилскиот манастир, Бугарија.
Светата Литургија беше збогатена и со прекрасното пеење на црковните хорови од Бугарија и Романија.



Leave a Reply