
Многубројните пејачи, играорци и инструменталисти од ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево со многу члената снимателска екипа од ОХО Продукцијата, на чело со режисерот и сценарист Andrej Volkashin, ги преплавија локалитетот Белчанско маало во с. Драмче и месноста Шишаро кај вила „Самовила“, каде се снимаше документарен филм со Копачката.

-Имавме една извонредна можност на свој пијанечки автентичен начин да ја раскажеме приказната за фолклорното добро орото „Копачката“, кое е национално и светско културно наследство, впишано во УНЕСКО, во Репрезенативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото, но и за останатиот пијанечки изворен фолклор и сето тоа преку танцот, песните свадбарски, ороводните песни и раскажувањето за одржливоста на Групата и репертоарот, истакна претседателот Перса Стојановска.

Ова за членовите на Групата беше прекрасно искуство и во една многу пријатна атмофера и возвишеност членовите ги редеа чекорите на орото и стиховите на песните.

Во очекување на монтирање на конечната верзија на овој за нас многу значаен документарен филм, има се заблагодаруваме на продукцијата ОХО, за прекрасната соработка пред и во текот на снимањето, додаде Стојановска.












Leave a Reply