Крводарителска акција во Делчево

Во Делчево реализирана крводарителска акција во која хуманите граѓани подарија 66 крвни единици. Како што информираше Виолета Ѓоргевска од ЈЗУ Здравствен Дом ,,Гоце Делчев” денешната акција е во рамки на годишниот план за крводарување за месец јули, која се спроведува со граѓанството на Делчево.

-Зборуваме за една успешна крајно професионална акција која се одвиваше во хуман и пријатен амбиент. Застапени се редовните крводарители, имаме првократни крводарители и крводарители од понежниот пол. За мене денес претставува еден успешен ден кој го поминав со хуманите  крводарители, рече Ѓорѓевска.

За младата Вики Раткова денес беше можност да дарува од животворната течност по 11-ти пат.

-Досега имам дарувано единаесет пати, ги повикувам сите хумани луѓе кои имаат силна крв да дојдат на некои од следните акции да даруваат крв, рече Раткова.

Акцијата се реализираше во просториите на Општинската организација на Црвен Крст Делчево во координација со Регионалниот центар за трансфузиона медицина од Штип и Одделението за трансфузиона медицина од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*