Уште еднаш ги рчнавме длабоко дамарите наши со изведбата на бисерите од пијанечкиот изворен фолклор, овојпат на сцената во Булачани општина Гази Баба, на овогодинашниот МФФ.
Прекрасната благородна публика пред ООУ „Наум Охридски“ го разлеа својот громогласен аплауз уште во најавата но и после нашиот настап.
Се везеа чекорите на ората Драмечко, Ситно и Копачка, во изведба на жените во придружба на тамбурата на Мирко Симоновски, за потоа езгијата на тапани со Дарко Златковски, Адријан Стаменовски и Николче Петровски, да ја разбранува и загрее публиката до слушање на овации и аплаузи, се до крајот на изведбата на ората Церско, Ситно и Копачка.
Благодариме на организаторите на овој прекрасен фестивал Ансамблот „Јонче Христовски“ и Општината Гази Баба, за укажаната можност да можеме да ги претставиме и пред тамошната публика, ората везени од монистра од Пијанец, како и орото Копачката кое е регистрирано национално но и светско културно наследство, впишано во УНЕСКО, истакнаа од Копачка по настапот во Гази Баба.
Leave a Reply