Тридневен младински камп во организација на Црвен Крст – Делчево

Во периодот од 10 до 13 јули се реализира тридневна едукативна работилница на тема ментално здравје. Вториот ден од работилницата присуствуваа и гости од клубовите на млади при ООЦК Кочани и ООЦК Штип, а предавањата беа одржани од страна на специјалист по психијатрија др. Билјана Ѓеоргиевска, дипломиран шумарски инжињер и лиценциран водич од областа на планинарството Љупчо Чучуковски, обучени врснички едукатори Магдалена Георгиевска и Симона Ќурчиска и јога инструктор – Симона Димитровска.

Голема благодарност до ООУ,, Св. Климент Охридски” што овозможи локација за реализација на оваа работилница во подрачното училиште во с. Вирче, а исто така огромна благодарност и до PUB Делчево, Рома Транс и пилјара Тона што обезбедија донации за реализација на оваа работилница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*