
Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево организира работилница на тема „Лето во ЈЛБ „Илинден“. Во првиот ден од работилницата, деца на различна возраст цртаа на тема „Лето“.
-Оваа изложба ја нарековме изложба на отворено, затоа што сите цртежи, децата ги изложија на влезот од библиотеката.Сите наши сограѓани кои шетаат или поминуваат од тука, ќе можат да ги разгледаат овие цртежи.Во другите два дена од работилницата ќе читаме, раскажуваме, твориме, пееме и забавуваме истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Изрази благодарност до сите дечиња за изработката на цртежите и до нивните родители кои помогнаа во реализирање на оваа активност.

-ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, ги повикува сите родители чии деца се на возраст до 10 години а сакаат нивните деца да бидат дел од следните два дена од оваа работилница , да ги пријават во библиотеката. За датумот, часот и активностите, дополнително ќе бидат информирани, додаде Петровска.
Нека и ова лето биде убаво, интересно и креативно, порачаа од ЈЛБ ,,Илинден”.
Leave a Reply