Доделени средства за реконструкција на улица „Острец“ во Трети Реон

Со средства од Владата преку Министерството за транспорт и врски за имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите и од Буџетот на Општина Делчево ќе се реконструира улицата „Острец“ во населбата Трети Реон.

Денеска во МТВ, министерот Благој Бочварски го додели Договорот на Општина Делчево со кој Општина Делчево доби 931.973 денари, средства за реконструкција на улицата, а со цел да се подобрат условите за живот преку Декадата на Ромите.

Градоначалникот Трајковски посочи дека улицата „Острец“ е главна сообраќајница во населбата Трети Реон, па реконструкцијата на оваа улица е од огромно значење за сите жители од населбата.

-Моменталната состојба на улицата е лоша, со големи нерамнини и ударни дупки, а ако се земе предвид и фактот дека претходно на улицата беше поставена нова водоводна инсталација во должина од 400 м, тогаш планираната реконструкција на улицата е следната фаза која води до подобрена безбедноста на учесниците во сообраќајот, но и соодветен пристап на противпожарни и амбулантски возила со што се одговара на приоритетите на жителите од населбата, но и на сите граѓани, истакна Трајковски.

На улицата „Острец“ претходно се реконструираше и критичната кривина на улицата која денес е со проширен коловоз, тротоари, потпорен ѕид, изградена атмосферска канализација, а улицата има и соодветно сообраќајно обележување.

-Сите овие инвестиции се потврда за нашиот сериозен пристап во решавањето на проблемите со инфраструктурата во градот и максималните заложби да се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Делчево, нагласи Трајковски.  

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*