
Со средства од Владата на РСМ, преку Министерството за транспорт и врски, за имплементација на Декадата на Ромите, ќе продолжи изградбата на ул,,Прохор Пчињски”, во Берово.
Денеска, го потпишав договорот, со Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, за изградба на ул ,,Прохор Пчињски”- 2 фаза.
Со реализацијата на овој проект, се олеснува пристапноста на жителите од Ромското маало до централното градско подрачје, до институциите и пристапноста на итните служби, во овој дел од градот.
Средствата во износ од 926.139,00 денари, се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.
Со тоа, уште еднаш ја потврдуваме посветеноста, кон унапредување на квалитетот на живот на жителите од Ромската заедница.

Leave a Reply