Завршен настан од проектот „Произведи храна во склад со природата”

Во Делчево се држа завршниот настан од проектот „Произведи храна во склад со природата и допринеси за справување со климатските промени“ кој го реализира здружението на производители на органски производи „Аронија“, како дел од програмата за грантови во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“. Проектот како што информираше координаторот на проектот Фиданчо Христов 

се реализираше од февруари до јули 2023 година, период во кој како што рече обучени се 5 лица кои имаат зелени имоти да произведуваат храна со перма култура и биолошки модели за производство на храна.

-В рамки на проектот набавивме 5 контејнери за складирање растителен отпад кој понатаму ќе се употребува при производството на био храна. Исто така изработена е веб страна на здружението, снимени се 5 видеа кои ќе бидат достапни на јавноста за едукација, односно секој кој ќе сака да ги слуша обуките ќе биде бесплатно. Анкетирани се 100 лица и извршено е анкетно истражување на населението за селекција на растителниот отппад и негова употреба при производство на храна, рече Христов.

Следни планови на здружението како што додаде е да продолжи проектот со друг регионален проект во кој ќе учествуваат лица со зелени имоти од други градови.

-В наредниот период планирано е создавање на зелена заедница на сите 15 лица кои произведуваат храна со биолошки методи, кои ќе се едуцираат, ќе разменуваат искуства и така да се шири ова приизвдоство на храна кое ќе придонесе полесно да се справиме со климатските промени, да го подобриме здравјето на граѓаните и да ја заштитиме планетата Земја, додаде Христов.

На настанот пред присутните свое обраќање имаше и Жарко Конески раководител на проеограма во Центарот за истражување и информирање Екосвест кој изрази задоволство од постигнатите резултати во рамки на проектот.

-Чест ми е што присуствувам на завршниот настан од проектот кој го реализира здружението Аронија. Задоволство е што денес можевме да слушнеме за практичните резултати од овој проект, начинот на кој здружението ги инволвира општината, јавното претпријатие, комуналното претпријатие и учлиштето Методи Митевски Брицо како партнери во проектот и наоѓа начини како преку производство на здрава органска храна да придонесе кон справување со климатските промени и штитење на природата во која живееме, рече Конески.

Проектот „Произведи храна во склад за природата и допринеси за справување со климатските промени“ е дел од големиот проект„Граѓанските организации во акција за климатските промени“ реализиран од ЕкоСвест во соработка со Македонското здружение на млади правници, а финансиран од Владата на Шведска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*