Повторно гори Градската депонија во Делчево

Градската депонија Острец од утрово повторно гори со засилен интензитет. Причина за запалувањето како што информираа од делчевското комунално претпријатие е човечки фактор заради што како што велат ќе биде поднесена кривична пријава.

-При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава

Наши вработени со градежни машини и во моментот се на терен и работат на затрупување на депонијата со земја, информирааод претпријатието.

Нагласија дека ова не е прв пат поради човечки фактор да се случува вакво нешто на депонијата. 

-Остануваме и понатаму со наши екипи да работиме се до целосно гаснење кое е отежнато поради ветарот, додадоа од претпријатието.

Чадот кој се шири од депонијата од утрово најмногу е забележлив од жителите на делчевското село Габрово, но, миризбата на запалено констатно е присутна и во самиот град Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*