
Подобрување на енергетска ефинасност на зградата на подрачното училиште ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во с. Двориште.
Со извршниот директор на Фондација отворено општество Македонија, Љиљана Ристевска, градоначачникот Звонко Пекевски, го потпиша Договорот за изградба на фотоволтаична соларна централа, на зградата на подрачното училиште на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во с. Двориште.
-Изразив благодарност до ФООМ, за инвестицијата, нагласувајќи дека ова е многу значајна инвестиција, која што не само што ќе донесе заштеда на електрична енергија, во училиштето, туку во значителни размери ќе ги намали трошоците и ќе овозможи создавање на ,, Сончеви училишта” како што е и насловот на заедничкиот проект на ФООМ и Општина Берово, рече Пекевски.
Целта на овој проект е овозможување на искористување на сончевата енергија и рационално користење на енергијата, создавање на енергетски институции и функционален образовен процес.
Инвестицијата за инсталирање на фотоволтаичната централа, за производство на електрична енергија од сончева енергија, на зградата на подрачното училиште ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во с.Двориште, е вредна 26.460 америнкански долари и е обезбедена преку Фондација отворено општество Македонија.

Leave a Reply