Здружението ,,Македон” објави повик за донации за фестивалот ,,Македонија 2023″ кој ќе се одржи на Илинден во Делчево

Повикот на здружението ,,Македон” го објавуваме во целост во интегрална форма:

ЗДРУЖЕНИ НА ГРАЃАНИ ЗА НЕГУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ
,,МАКЕДОН, ОД ДЕЛЧЕВО ,ОБЈАВУВА
ПОВИК ЗА ДОНАЦИЈА

Во ова време невреме,кога против Македонија и Македонскиот народ се врши анти цивилизациски Геноцит и Етноцит и со политички декларации се фалсификува и присвојува македонската историја,Здружението на граѓани за негување на македонската култура, историја и уметност, уметност ,,Македон” од Делчево, невладина и непрофитна организација,
по повод многубројните историски јубилеи од славната македонска историја во 2023 год, одлучи, да организира и востанови Фестивал на патриотски и родољубиви рефрени ,,МАКЕДОНИЈА 2023″ НА 2 Август, на Илинден, кој ќе се одржува секоја година и на кој преку Видео спотови со слики и кратки видео стории , во кои се обработени во народните песни, славни, но и трагични настани и херои од вековната борба на македонскиот народ за слобода и своја држава!!??

Едноставно преку народната песна ,да се одржи своевиден јавен историски час, пред поголем број на граѓани со цел едукација ,но и негување на народната песна и спасување од заборав!? Но, за реализација на овој единствен од таков вид Фестивал во Македонија, не наидовме на разбирање и подршка од актуелната власт, но и од многубројните фирми од Делчево и пошироко,најверојатно од причини што на едни ,,не им личи патриотизам”, а на други, најверојатно дека им е подобро да земаат, а не и да даваат на народот, иако се работи за минимални средства! Најверојатно очекуваат некој си Врабовски да ни ги финансира, културно-историските настани и прослави на значајни јубилеи! За да не пропадне оваа благородна идеја и да не се одбележат на достоен начин овие значајни јубилеи, го објавуваме овој Повик за Донации, за да се одржи Фестивалот на Видео спотови со патриотски и родољубиви рефрени ,,МАКЕДОНИЈА 2023″ во Делчево на 2 Август, во чест на 120 години од Илинден и уште десетина јубилеи во 2023 година на Летната сцена пред Спомен домот АСНОМ!!??
Се обраќаме до сите вистински македонски патриоти, фирми и поединци од земјата и странство, да го подржат фестивалот со парични средства, според своите можности и желби.

Благодарност за сите донатори кои ако изразат желба ќе бидат и јавно објавени, а за оние другите, што друго одвен срам, резил и презир!

За поблиски информации,
може да се обратите на телефон: 070 885 851 кај Славчо Десподов .

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*