
Општина Берово ја објави програмата за тридневниот Етно Плоштад Фестивал 2023 година. Оттаму информираат дека интензивно се работи на подготовки на еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион.
-Со задоволство, го најавуваме Етно Плоштад Фестивал 2023 година кој ќе се одржи кон крајот на месец август. Фестивалот ќе започне на 25 август (петок), со свечено отварање , на сцената во центарот во Берово, после што настап ќе имаат голем број препознатливи музички имиња, со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови, информираа од Општината.
Етно Плоштад Фестивал го организира Општина Берово, со финансиска поддршка од Министерството за култура.
-Во рамките на фестивалот присутните ќе можат да ги посетите и тезгите со здрава храна, сувенири, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и слично. Од таа причина ги покануваме заинтересираните навреме да закупат тезга, за што повеќе информации може да добијат на оштинската веб-страница, додадоа од општината.
Меѓу главните ѕвезди кои од 25-ти до 27-ми август ќе настапат на реномираниот фестивал се Ристо Самарџиев, Тамара Тодевска, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски, Пајак и Лара и балканскиот поп изведувач Жељко Самарџиќ.
Leave a Reply