Заврши седмото ,,Ретро Кар Шоу 23″ во Делчево, побарани подобри услови при регистирањето олдтајмери

Изложбата на стари автомобили која по седми пат се одржа денеска во Делчево го побуди интересот на сопствениците на олдтајмери од неколку градови од Македонија, но и од Бугарија и Србија, кои во бројка од околу стотина, учествуваа на популарното Ретро Кар Шоу кое го организираше делчевското здужение „King’s of the road’s”. Изложбата ја красеа стари возила увезени од Англија, Италија и други западно-европски земји, како и возила кои најмногу се возеле на просторите на бивша Југославија, кои беа меѓу највпечатливите на денешната изложба.

-Имаме гости од Србија, Бугарија и десетина градови од Македонија кои што дојдоа со навистрина прекрасни коли. Гледаме прекрасна глетка, а настанот претставува еден вид празник на градот. Имаме неофицијален и официјален дел, во официјалниот дел ќе доделиме награди на најдобро средени олдтајмери, ќе имаме и дефиле. Очекуваме уште неколку гости сите кои се најавени и очекуваме потоа заедничка дружба, истакна претседателот на делчевското здружение на олдтајмери Лоренцо Трајановски.

Настанот е поддржан од Федерацијата на историски возила на Македонија, чиј претставник Јана Спиридоновска Саздовска истакна дека содони самото растење на олдтајмерството во Македонија, федерацијата се повеќе работи на обезбедување посебни сертификати за користењето на старите возила и обезбедување поволности при нивно регистрирање.

-Олдтајмерството во Македонија се повеќе расте, федерацијата се збогатува со луѓе и со клубови. Во Македонија мислам дека има помеѓу 50 и 80 илјади олдтајмери кои се обидуваме да ги собереме. Се формираат нови клубови што е добар знак дека љубителите на стари коли или олдтајмерите се повеќе излегуваат, ни се приближуваат, се пријавуваат. Работиме многу на таа регулатива да се олесни регистрацијата и да се издаваат посебни сертификати, мисламе дека со тек на време ќе успеем во тоа, но и при увоз на олдтајмери, тоа еден светски проблем кој го решаваме и мислам дека неговото решавање ќе биде успешно, истакна Јана Спиридоновска, Саздовска.

Околу регистрацијата на самите олдтајмери, како што додаде учесник на настанот слична е состојбата и во соседна Србија, кој исто така додаде дека многу малку се цени оваа историска оставштина од стари возила во земјите на Балканот.

-За жал за поволна регистрација на овие возила, се уште го немаме тој закон, моментално мислам дека е во процедура нешто во Парламентот, мислам дека до крајот на годината или почетокот на наредната ќе се реши и тој проблем затоа што се потешко ги регистрираме, ги немаме тие АБС системи, издувни гасови и друго што се бара на технички преглед. Во главно во некои земји мислам дека е подобро, бидејки некој вози за викенд, некој 180 дена во годината, таму имаат некоја погодност при регистрацијата и поевтини се. Исто така за жал не се води сметка за оваа историска оставштина и  културно богатство. Сите држави кои доцнат во тој поглед го губат тоа богатство бидејки се продаваат возилата, вели учесникот од Србија.

Тој по четврти пат учествуваше на изложбата во Делчево со култната шведска марка на возила СААБ.

-Четири години по ред сум во Делчево, инаку имам учествувано и во Скопје, исто така имаме одлична соработка со љубители на Класик Мини и други клубови од Македонија. СААБ е култен модел шведски со кој Ерик Карлсон трипати по ред го освојуваше релито во Монте Карло во 70-тите години од минатиот век. Има мотор четири кој без гасење има пројдено 360 илјади километри, редок мотор. Околу наградите вчера бев на парадата во Бобошево, Бугарија каде имаше околу 80 возила, освоив прва награда таму, истакна учесникот од Србија.  

Цветан Најденов од Бугарија е љубител на трабант, има колекција од 50 возила, а во Делчево присуствуваше со нов модел кој има поминато само 150 километри.

-Ме викаат доктор Зизи, а со трабант се знимавам 50 години, имам околу 50 стари возила, не ме интересираат парите колку чини, тоа си е од внатре. За прв пат сум тука но има добри возила. Оваа кола со која денес сум тука беше подложена на комплетна реставрација доведена до оригиналнот вид, со надворешна естетика оспособена за да биде нешто оригинално, во моментот нема поминато 150 километри. Ме поканија колегите од вашиот град да се видиме дружиме не само тука, туку и на маса, истакна Најденов.

Меѓу наградените на денешниот собир на олдтајмери беше англискиот Морган на учесник од Скопје, Пеперугината Феја на Ина Николова, Волга Гас 22′ на Сергej Сурков и Опел Аскона сите од Софија Р,Бугарија како и Форд Конзул произведен 1960 година кој за изложбата дојде од Србија. За останатите учесници органиаторите обезбедија медали и благодарници. По завршувањето на изложбата се одржа дефиле низ улиците на градот Делчево.

Сите изјави и комплетниот настан погледнете го ТУКА

Доделувањето на наградите може да го погледнете ОВДЕ

Дефилето погледнете го на следниот ЛИНК

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*