Видео: Над 200 играорци настапија на 28-то издание на Голачки Фолклорни Средби 2023

Над 200 играорци вечерва во Делчево го промовираа фолклорното богатство на Македонија, но и од Република Србија и Република Бугарија во рамките на 28-то издание на традиционалните „Голачки фолклорни средби“.

Во Делчево вечерва, фолклорот обединува, но и го чува живото наследство и традицијата истакна градоначалникот Горан Трајковски.

  • Тоа е таа нишка која нè идентификува и нè обележува низ вековите. Традицијата е таа која имаме обврска да ја чуваме и промовираме и да не дозволиме под влијание на новото време да се заборави и да се изгуби. Но, имаме и обврска кон зачувување на општото добро за сите граѓани, во таа смисла и зачувување на шумите, како наше најголемо богатство. Затоа, оваа година, од безбедносни причини со цел заштита на шумата на Голак, почитувајќи ја актуелната забрана за движење во шумите, фестивалот го одржуваме во Делчево.
ДЕФИЛЕ ВО РАМКИ НА ГОЛАЧКИТЕ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ 2023

Сакам да потенцирам дека локацијата не го намалува значењето на фестивалот, напротив, докажуваме дека кога е фолклорот во прашање, сите локации се соодветни, бидејќи целта ни е една -да ја продолжиме традицијата. Тоа е нашата обврска како генерација, да го продолжиме патот на изворниот фолклор кој е наш амбасадор во светот, уникатен и незамнелив, да создаваме услови за работа на фолклорните друштва и да сме горди што ја имаме таа чест, да бидеме промотори на највредната оставштина од нашите предци-фолклорот, рече Трајковски.

ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ И ИЗЈАВИ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ

Изрази јавна благодарност до сите учесници на фестивалот, но и до организаторот НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ кои со поддршка на Општина Делчево ни овозможија убава вечер во знакот на фолклорот и традицијата.

ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ 2023 – ЦЕЛ ФЕСТИВАЛ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*