
Учeниците од ООУ „СВ. Климент Охридски” и ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, во соработка со Организацијата на Црвен крст Делчево и Територијалната противпожарна единица Делчево за утре организираат хуманитарна акција за собирање на средства за лична хигиена и парични средства за ученици од поплавените подрачја во Словенија.
-Ги повикуваме учениците, наставниците, граѓаните и правните субјекти да се приклучат кон нашата хуманитарна акција која ќе биде организирана во ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево на ден 09.08.2023 г. во период од 09 до 12 часот, информираа организаторите.
Паралелно информираа дека група на ученици од двете основни училишта, придружувани од претставници на ТППЕ Делчево во четврток 10.08.2023 г. заминуваат на неколку дневен камп во Словенија.
Leave a Reply