Здружението Малешевци за Малешевијата се приклучува кон поддршката за справување со поплавите во Словeнија

Здружението Малешевци за Малешевијата се приклучува кон поддршката за справување со поплавите во Словeнија. Упатуваат апел сите кои сакаат да помогнат да го сторат тоа со донирање на Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Словенија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Од здружението нудејки информации како може да се пружи помош на Словенија и нејзините жители за време на поплави додаваат дека секој што сака да помогне како волонтер може тоа да го направи преку системот за заштита и спасување на локално ниво – со контактирање на локалните канцеларии на Дирекцијата за заштита и спасување: https://www.gov.si/…/upr…/o-upravi/urad-za-operativo/

Апелираа секој кој би можел да помогне во сместувањето на луѓе како и со машини или работна сила нека ја испрати својата понуда на веб-страницата на дирекцијата за заштита и спасување: plovale23@urszr.si.

Материјалната и финансиската помош се собира преку хуманитарни организации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*