
Од 7 до 12 август месецов, во Кочани се одржа неколкудневен информатички камп за млади, организиран од Здружението „Бистри умови“. На настанот талентираните млади луѓе можеа дополнително да се подготват за интернационални натпревари по информатика.
Анита Атанасова-Грчев од „Бистри умови“ објаснува дека целта на здружението е да воспостави стабилен механизам за континуирана работа и инвестиција во развојот на таленти во државата. Оттаму, тие организираат бесплатни курсеви, обуки и подготовки за натпревари во областа на информатика, математика и останатите природни науки за ученици кои сакаат да се поткрепат со повеќе знаење, а исто така и помагаат на други здруженија и сојузи од истата област.
Од каде идејата да го основате здружението?
-Како родители на дете кое уште како мало се натпреварува и е голем љубител повеќе на информатика,но исто така и на математика, секогаш сме биле тука за да помогнеме и дадеме се од себе за да на нашиот син му овозможиме дополнително учење надвор од училиштето, посетувајќи различни курсеви, подготовки за натпревари, во и надвор од државата.

Водејќи се од сето тоа колку средства се потребни и гледајќи многу талентирани деца со желба за знаење и успех, а неможат да си го дозволат сето тоа, дојдовме до идеја да основаме здружение со цел да им се пружи помош и подршка на младите таленти.
Заедно со Виктор Симјаноски кој е еден од претходните натпреварувачи по математика, со искуство, постигнати високи резултати и освоени бројни медали на интернационално и светско ниво по математика се решивме да ги почнеме првите чекори за реализирање на нашите цели.
Виктор Симјаноски денес живее и работи во Америка со образование во Massachusetts Institute of Technology (2011), University of Chicago (2013) и професијата му е Quantitative researcher во Citadel и истиот со голема желба, на свој начин помага веќе неколку години на нашите талентирани ученици по математика,а во моментот работи на основање на непрофитна организација во Америка со цел да може квалитетно да им се помогне на Македонските талентирани ученици.
Која е главната цел на здружението?
-Главна цел на Здружение Бистри Умови е да организира курсеви,обуки и подготовки за натпревари во областа на информатика, математика и останатите природни науки и сето тоа да биде бесплатно за учениците кои сакаат да се поткрепат со повеќе знаење, а исто така и да помага на други здруженија и сојузи од истата област.
Во нашата држава има доста талентирани деца,но за жал не секое семејство може да издвои за да плаќа дополнителни курсеви.
Со нашиот син (Владимир Грчев 7 одд. Од Кочани) почнувајќи од 2 одд. сите овие години ги поминавме со посетување на разни курсеви и приватни часови во Скопје,кои бараа не само финансии,туку и време и тропање од една врата на друга за да најдеме соодветен професор,бидејќи детето уште од мало е талентирано и благодарение на трудот и финансиите кои можевме да си ги дозволиме сето тоа се исплатеше.
Денес Владимир Грчев е првенец на генерација по информатика и еден од 4(четирите)деца во Јуниорскиот тим по информатика кои ја претставуваат Државата на интернационалните олимпијади,а минатата година беше најмладиот учесник во историјата на истите.
Нашата цел е на таквите деца како нашиот син,со соработка со Здружение на информатичари,Сојуз на математичари и физичари да им обезбедиме бесплатни курсеви по посебна понапредна програма,бидејќи веруваме дека такви деца имаме многу во Државата.
За Здружението голема подршка веке добивме од наши претходни успешни натпреварувачи кои се со бројни освоени медали на интернационално и светско ниво и истите се расположени да помогнат со реализирање на нашите цели со давање совети,споделување искуство,знаење и решавање на проблеми од областа на математика,информатика и физика и истите можат да се видат и на нашата официјална страна brightmindsofmacedonia.com

Leave a Reply