Пекевски: Планирано асфалтирање на улица „Илинденска“ и урбанизирање на мегданот на село Ратево

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски оствари средба со жителите од село Ратево.

Теми на средбата како што информираше на неговиот фејсбук профил беа планираната реконструкција со асфалтирање на улицата „Илинденска“ во должина од 950 метри и широчина и до три метри и планираната урбанизација со целосно сообраќајно решение на мегданот на селото.

Граѓаните задоволни учествуваа со свои предлози како за конкретните така и за следните проекти во селото. Ја препознаваат и поздравуваат посветеноста на општината и нејзиното раководство за рамномерен развој и унапредување на животот на сите граѓани во сите населени места во Општина Берово.

Поздрав до Ратевци. Се што е планирано ќе биде остварено, заедно планиравме заедно и ќе остваруваме, истакна беровскиот градоначалник во објавата на фејсбук.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*